12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMigros повторно го зголеми профитот

Migros повторно го зголеми профитот

<

Најголемиот швајцарски трговски ланец „Migros“ во минатата година забележа профит од 770,9 милиони франци, што е раст од 6,4 проценти во споредба со 2012 година.

На оперативно ниво, износот на ЕБИТ (профитот пред одбивање на каматата и даноците) го надминал прагот од милијарда франци (1,044 милијарди), со раст од 5,9 проценти.

Приходите од продажбата во 2013 година, изнесуваа 26,74 милијарди франци и седум проценти се поголеми отколку во 2012 година, а за растот на приходите особено придонесе купувањето на германскиот бренд „Tegut“

Во изјавата за новинарите, при претставувањето на резултатите, директорот на групацијата „Migros“, Ербер Болижер, потсети дека оваа година компанијата одбележува 125 години од нејзиното постоење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП