13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемиот производител на ГМО оствари подобар профит од првично очекуваниот

Најголемиот производител на ГМО оствари подобар профит од првично очекуваниот

Monsanto-Logo

Американскиот гигант „Monsanto“, најголемиот производител на генетски модифицирано семе, во вториот квартал од тековната фискална година оствари профит кој е подобар од првично очекуваниот.

Компанијата со ова ја потврди прогнозата за тековната година.

Овој американски гигант во областа на агрохемијата во извештајниот период оствари нето профит од 1,67 милијарди долари или 3,15 долари по акција, додека аналитичарите во просек предвидуваа 3,07 долари по акција, пренесува францускиот лист Капитал.

Во истиот период една година претходно, „Monsanto“ забележа нето профит од 1,48 милијарди или 2,74 долари по акција.

Приходите од продажбата во истиот квартал се зголемија за 6,6 проценти, на 5,83 милијарди долари, а како што се наведува во соопштението, компанијата профитирала од зголемувањето на побарувачката за нејзините главни производи.

Во тој контекст, групацијата ја потврди прогнозата за годишниот профит по акција меѓу 5,0 и 5,20 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП