25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинскиот долг ќе се зголеми за 11,6 милијарди евра

Украинскиот долг ќе се зголеми за 11,6 милијарди евра

ukrainadolg54566

Државниот долг на Украина оваа година, поради падот на вредноста на националната валута гривна, ќе се зголеми на 11,6 милијарди долари, вели министерот за финансии Александар Шлапак.

Според неговите зборови, во овој момент обемот на државниот долг на Украина изнесува 42,9 проценти од бруто домашниот производ (БДП), а се предвидува дека во текот на годината ќе се зголеми на 53,проценти од БДП.

Само оваа година државниот долг поради курсот ќе се зголеми за 129 милијарди гривни (околу 11,6 милијарди долари) и ќе достигне 804 милијарди гривни (72,4 милијарди долари), прецизираше министерот.

Тој додаде дека во овој момент околу 10 проценти од буџетот оди на сервисирање на националниот долг, односно на отплата на каматата. Курсот на гривната од почетокот на 2014 година се намали за 37 проценти, додека за цела 2013 година украинската национална валута поевтини за само два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП