9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКаде оди најмоќната жена во Фејсбук?

Каде оди најмоќната жена во Фејсбук?

Sheryl Sandberg

Шерил Сендберг, главниот оперативен директор на Фејсбук, повторно продаде дел од своите акции во компанијата, пренесува Financial Times.

Сандберг од иницијалната јавна понуда од пред две години, го преполови својот удел во компанијата.

Според информациите од најновите финансиски извештаи, како втора најважна личност во Фејсбук, оперативната директорка има продадено околу 10 милиони акции со вкупна вредност од 400 милиони долари, заедно со речиси 16 милиони акции продадени кон крајот на 2012 година  за подмирување на трошоците на данок.

Таа сега поседува околу 17.2 милиони акции на Фејсбук, а во времето на IPO имала 41 милион акции. Без оглед на овие случувања, се проценува дека со отприлика 0,5% од акциите во компанијата, Шерил останува еден од најголемите приватни инвеститори во компанијата.

Аналитичарите во САД шпекулираат – дали таквиот потег на Сандберг најавува влегување во политичките води, што и се “предвидува” веќе со години, или пак на некоја висока позиција во некоја друга голема корпорација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП