9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев: Русија треба да го преиспита учеството во светската економија

Медведев: Русија треба да го преиспита учеството во светската економија

medvedev rusija

Русија треба да го преиспита учеството во светската економија, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев на седницата на 15. Априлска меѓународна научна конференција „Модернизација на економијата и општеството“.

Како што јави ИТАР-ТАСС, тој истакна дека Русија треба активно да ја развива и евроазиската интеграција.

– Соработката во тие насоки доста успешно се одвива, според предвиденото, но има и извесни препреки. Но, проектот сепак има добри перспективи и потенцијал, посочи Медведев.

Тој наведе и дека не треба да страдаат економските односи на Русија со Европа и со САД поради „политичките амбиции и предрасуди“ за украинската криза.

Економските интереси не треба да станат жртва на политичките предрасуди, истакна Медведев на прес-конференција посветена на инвестициите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП