9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси 26 милиони невработени во ЕУ

Речиси 26 милиони невработени во ЕУ

nevrabotenieu47eg4e4g6e4g

Невработеноста во 18 земји членки на еврозоната според официјалните показатели во февруари останала на нивото блиску до неодамна постигнатиот рекорд.

Заводот за статистика на Европската унија, Еуростат соопшти дека стапката на невработеност изнесувала 11,9 проценти, процент кој остана непроменет уште од октомври. Во текот на минатата година оваа стапка дојде до нивото од 12,1 проценти.

Според податоците на Еуростат, во земјите на Европската унија во февруари имало 25,9 милиони невработени лица, но околу 65,000 лица пронашле нова работа во текот на тој месец.

Сепак, вкупниот број на невработени бележи пад на годишно ниво за 785,000 благодарение на економското закрепнување на некои држави кои најтешко беа погодени од кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП