8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот од ТИРЗ во првиот квартал 250 милиони евра, 95 отсто повеќе...

Извозот од ТИРЗ во првиот квартал 250 милиони евра, 95 отсто повеќе од лани

tir3vcjeiojh43

– Во првиот квартал од годинава извозот од технолошко – индустриските зони изнесува 250 милиони евра и според податоците на Дирекцијата за ТИРЗ има раст од 95 отсто во однос на минатата година.

Лани во првиот квартал извозот од ТИРЗ изнесувал 126 милиони евра, што значи дека  повеќе од третина од македонскиот извоз доаѓа од странските инвестиции во технолошко- индустриските зони.

Високиот раст на извозот од ТИРЗ е резултат на влегувањето на „Џонсон Мети“ во втората фаза на производство, на почетокот на производството на ВанХол, зголемувањето на  производството на Кемет Електроникс, како и почнувањето на активното производство на „Џонсон Контролс“ во Штип.

– Во моментот сме во завршни преговори со неколку компании кои се пред донесување одлука за инвеститрање во технолошко-ндустриските зони или веќе имаат  донесено одлука, но таа не е официјализирана. Станува збор за компании од САД, Германија и Италија, кои покрај Скопје се заинтересирани да инвестираат во неколку зони  од внатрешноста каде досега немало странски инвестиции, вели Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за ТИРЗ.

Во технолошко-индустриските зони во моментов функционираат „Џонсон Контролс“, „Џонсон Мети“, „ВанХол“, „Текнохозе“, „Кемет“ и „Протек груп“. Во зоните во моментов работат 2.700  луѓе, а вкупните досегашни инвестиции се проценуваат на 240 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП