26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДОМ: Парите од загадувачите за нови зелени површини

ДОМ: Парите од загадувачите за нови зелени површини

dom

ДОМ, по повод изминувањето на роковите за еколошко прилагодување на големите индустриски загадувачи, им изразува благодарност на сите компании кои успеаа во предвидениот рок да ги исполнат обврските и да добијат А интегрирана дозвола, а ги поттикнуваме оние кои сеуште ги немаат дозавршено обврските да го сторат тоа што поскоро во интерес на здравјето на граѓаните и подобрување на состојбите со животната средина.

,,Воедно изразуваме задоволство од спроведените политики  на Владата и Министерството за животна средина за исполнување на еколошките стандарди, како и посветениот однос на Инспекторатот за животна средина за конечно разрешување на овој горчлив и опасен проблем со кој се соочуваа граѓаните на Македонија, кои живееа во близина на големите индустриски загадувачи”, се вели во соопштението.

ДОМ , како зелена партија, смета дека кон оние компании кои сеуште го немаат завршено процесот на еколошко прилагодување е постапено во согласност со законската регулатива и донесени се одлуки кои одат во насока на побрзо завршување на процесот и намалување на опасностите од загадувањето. Реални се и предвидените парични казни, бидејќи загадувањето носи финансиски импликации на здравјето на луѓето и на животната средина.

Од ДОМ бараат уплатените парични средства од компаниите кои не успеале во предвидениот рок 1 април 2014 да го завршат еколошкото прилагодување, да бидат наменети исклучиво за подобрување на состојбите со животната средина и подигање на нови зелени површини во близина на индустриските загадувачи.

,,Од ДОМ ова и претходно го баравме и само ќе потсетиме: подигање на паркови со заштитно зеленило околу фабриките, нови зелени површини во Парк шумата Гази Баба, како и нови парковски површини во општините кои најмногу го чувствуваат загадувањето, Гази Баба, Бутел, Аеродром, Центар, Тетово и Гостивар”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП