17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедес се движи кон освојување на рускиот пазар

Мерцедес се движи кон освојување на рускиот пазар

mercedes rusija

Битката за пазари никогаш не престанува, а најновите податоци говорат дека германски „Дајмлер“ размислува за евентуална изработка на „Мерцедес-Бенз“ во Русија со цел да ги претекнат „БМВ“ и „Ауди“ како најпродаван бренд на луксузни автомобили во светот.

„Ги разгледавме основните параметри и потенцијали за локална продукција на патнички автомобили во Русија“, се вели во соопштението „Дајмлер“ во кое се додава дека се уште не е донесена никаква одлука.

„Дајмлер“ во план има проширување на продукцијата и изградба на возила во близина на пазарите на кои се продаваат, а директорот Дитер Цече вети дека неговата компанија повторно ќе ја заземе лидерската позиција во продажбата на луксузни автомобили која во 2005-та ја изгуби од „БМВ“, додека „Ауди“ во 2011-та ги истурка на третото место.

Рускиот пазар е доста атрактивен и покрај забавениот раст кој е предизвикан од фактот дека земјата има многу помалку автомобили во однос на бројот на жители, што јасно го покажува податокот дека во минатата година во земја со популација од 142 милиони продадени се 2.78 милиони автомобили.

Само како споредба може да се земе примерот со Германија која на 80 милиони жители во минатата година беа продадени 2.95 милиони возила.

Во текот на 2013-та година, „Мерцедес“ во Русија продаде 44.376 возила, додека на второ место беше „БМВ“ со 42.071, a „Ауди“ ја зазема третата позиција со 36.150 продадени единици.

„Дајмлер“ моментално има два партнери во Русија, компанијата поседува 11 проценти акции од производителот на камиони „Камаз“, заедно со „ГАЗ“ ги произведува „Спринтер“ комбињата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП