27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо март намалена невработеноста во Шпанија

Во март намалена невработеноста во Шпанија

spain_capital_building

Невработеноста во Шпанија во март се намали, бидејќи економијата на земјата постепено закрепнува од долгорочната, катастрофална рецесија, соопшти денес шпанското Министерство за труд.

Бројот на невработени лица во март, на месечно ниво, е намален за 16,620 на 4,80 милиони лица, што е најголем пад за месец март од 2006 година, соопшти Министерството, пренесува Франс прес.

Во Шпанија во 2008 година, дојде до пукање на „балонот“ на недвижнини, поради што повеќе милиони лица останаа без работа, а земјата се лизна во двојна рецесија.

Неодамнешните објавени резултати од анкетата на домаќинствата, која ја спроведе шпанскиот Национален институт за статистика, покажаа дека невработеноста во Шпанија во последниот квартал од 2013 година достигнала стапка од 26 проценти.

Шпанија дури на средината на минатата година излезе од петгодишната рецесија, а за оваа година премиерот Маријано Рахој предвидува раст на економијата од еден процент, а за наредната од 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП