25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија ги надмина очекувањата

Австрија ги надмина очекувањата

avstrijaavsisuh782tbfavstija4f

Буџетскиот дефицит на Австрија во изминатата година бил помал од очекувањата на владата.

Според податоците на Статистичкиот завод, дефицитот минатата година изнесувал 1,5 проценти од бруто домашниот производ, односно 4,8 милијарди евра. Предвидувањата на владата изнесува 2,3 проценти за буџетскиот дефицит во 2013 година.

За споредба, дури и во 2012 година дефицитот изнесуваше 2,6 проценти (7,9 милијарди евра).

Според тоа дефицитот на оваа земја и минатата година бил под лимитот на ЕУ од три проценти. И во 2011 и 2012 година Австрија целосно ги исполни овие очекувања на Унијата и нејзиниот дефицит беше под три проценти.

Дефицитот од 1,5 проценти е најнискиот од почетокот на економската и финансиската криза. Понизок дефицит е забележан последен пат во 2008 година, кога тој изнесуваше 0,9 проценти.

Што се однесува на задолженоста, нивото во 2013 година останало речиси непроменето, односно 74,5 проценти од бруто домашниот производ, односно 233,4 милијарди евра. Задолженоста во 2012 година изнесувала 74,4 проценти односно 228,8 милијарди евра.

Предвидувањата на владта за 2013 година беа дека задолженоста ќе изнесува 75,4 проценти. Што се однесува на задолженоста, Австрија е значително над препораките од ЕУ кои дозволуваат максимум 60 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП