9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Нема да има дефлација во еврозоната

ЕЦБ: Нема да има дефлација во еврозоната

1euricjf39urf3

Европската централна банка (ЕЦБ) смета дека не постои опасност од дефлација во еврозоната.

Имено, најновите податоци покажуваат дека инфлацијата во земjите на монетарната унија забавила на најниското ниво во последните четири години, изјави потпретседателот на ЕЦБ Витор Констансио.

Инфлацијата во еврозоната во март забави на 0,5 проценти, што е најниското ниво од октомври 2009 година, покажаа податоците на Европскиот завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Некои аналитичари веруваат дека најновите податоци го зголемуваат ризикот на ЕЦБ на неделниот состанок дополнително да ја олабави монетарната политика.

„Очекуваме дека мартовската ниска инфлација ќе забрза во април“, изјави Констансио, додавајќи дека дури и во Шпанија, каде потрошувачките цени минатиот месец се намалија за 0,2 проценти, се очекува раст на цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП