4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција со рекордна невработеност од 27,5 отсто

Грција со рекордна невработеност од 27,5 отсто

grcija

Невработеност во Грција во февруари оваа година изнесувала 27,5 проценти, што претставува највисока стапка во рамки на Унијата, покажуваат најновите податоци на Европската канцеларија за статистика (Евростат).

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, покрај Грција висока стапка на невработеност од 25,6 отсто има и Шпанија, а трета на оваа листа е Хрватска со 17,6 отсто невработени.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, најмалку невработени има во Австрија (4,8 проценти), Германија (6,1) и Луксембург (6,1).

На ниво на ЕУ, стапката на невработеност изнесува 10,6 отсто, што е за 0,1 процентни поени помалку од претходниот месец. На ниво на еврозоната, пак, во февруари 2014 имало 11,9 отсто невработени, што е исто така за еден индексен поен помалку од јануари годинава.

Она што го загрижува официјален Брисел е бројката од 5,9 милиони невработени млади лица во рамки на Европската унија, од кои дури 3,4 милиони се без работа во земјите што го корисат еврото како официјална валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП