4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБирото за метрологија електронски ќе ги издава одобренијата за возила

Бирото за метрологија електронски ќе ги издава одобренијата за возила

koli elektronski

Бирото за метрологија го пушти во употреба е-Регистарот на типски и единечно одобрени возила, системи, составни делови и самостојни технички единици опрема за возила со што по електронски пат ќе ги издава одбренијата кои согласно Законот за возила се во негова надлежност.

Тоа, како што информираат од Бирото, ќе придонесе за намалување на нивните и финансиските трошоци кои ги имаа граѓаните, а воедно и да се постигне поголема ефикасност на постапките, поголема брзина при обработката на барањата и запазување на законските рокови за издавање на одобренијата.

– Преку овој е-Регистар, барателите ќе можат по електронски пат да ги поднесуваат барањата и електронски да ги добиваат потребните одобренија без притоа да прават дополнителни трошоци за доставувње на барањата и подигање на одобренијата, велат од Бирото за метрологија.

Посочуваат дека е-Регистарот на возила е веб-базиран и се користи на секојдневна основа од различни субјекти, и на тој начин претставува сеопфатен информациски систем.

– Ова софтверско решение како комплексен систем е подлежно на постојано надградување и усовршување, како и адаптирање на нашето законодавство со европското се со цел олеснување и поедноставување на постапките кон крајните корисници, граѓаните на Република Македонија, потенцираат од Бирото за метрологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП