4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватскиот јавен долг е речиси 30 милијарди евра

Хрватскиот јавен долг е речиси 30 милијарди евра

hrvatskajavendolg56f64e64e646w

Јавниот долг на Хрватска, на крајот на 2013 година, достигна износ од 219,4 милијарди куни, односно околу 29 милијарди евра, што претставува 66,8 проценти од бруто домашниот производ, додека пак, на крајот од 2012 година изнесувал 183,3 милијарди куни, односно 55,8 проценти од БДП.

Внатрешниот јавен долг за една година е зголемен од 119,9 милијарди куни на 129,4 милијарди куни, колку што изнесуваше на крајот на 2013 година, додека пак, во истиот период странскиот дел од долгот е зголемен од 63,4 милијарди куни на 80 милијарди куни.

Износот на вкупните државни гаранции е намален од 54,3 на 53,7 милијарди куни, односно од 16,5 на 16,4 проценти од БДП, покажуваат податоците на Хрватската народна банка.

Иако Хрватска на крајот на јануари влезе во таканаречената процедура на прекумерен дефицит, која предвидува намалување на јавниот долг на ниво од 60 проценти од БДП и дефицитот на ниво од највеќе три проценти од БДП, хрватските јавни финансии се движат во спротивна насока.

Поединечни аналитичари очекуваат дека дефицитот на буџетот оваа година ќе изнесува 6,0 проценти, а истовремено се очекува и продолжување на растот на јавниот долг, кој би можел да порасне над 80 проценти од БДП.

Институтот за јавни финансии уште на почетокот на јануари ја предупреди Владата дека потполно изгубила контрола кога се во прашање трошоците за задолжувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП