3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi планира семеен ТТ модел

Audi планира семеен ТТ модел

audi tt 4

Дирекророт на „Audi“, Улрих Хакенберг откри дека неговата компанија размислува за воведување на семеен автомобил во понудата на новиот „ТТ“ модел. „Audi“ веќе најави проширување на палетата на „ТТ“, а изгледа дека најверојатно, најголем кандидат за тоа е семеен автомобил.

Иако Хакенберг не спомена каков облик на каросерија можеме да очекуваме, но постави едноставно прашање: „Дали „ТТ“ може да се продолжи како семеен модел?“. Нормално, се поставува и прашањето каков однос би имал таквиот автомобил со веќе етаблираните лимузини „А3“ и „А4“.

Уште една опција би можела да биде во предвид, а тоа е „shooting brake“ модел кој можевме да го видиме на концептот кој беше прикажан во Детроит. Таквата верзија би имала повеќе смисла во однос на уште една лимузина која сигурно би ги нарушила продажните резултатите на брзо растечката понуда на „Audi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП