26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТриесет и пет невработени лица ги завршија обуките за графички дизајнер

Триесет и пет невработени лица ги завршија обуките за графички дизајнер

obukagrafichkidizajner546e4gew64fwe

Триесет и пет невработени лица успешно ги завршија обуките за графички дизајнер што се реализираа од страна на Сивус едукативниот и развоен центар во соработка со Агенцијата за вработување и министерствата за труд и социјална политика и за информатичко општество.

Обуките почнаа во ноември минатата година и се реализираа на три локации во Скопје, Прилеп и Охрид, а кандидатите се квалификуваа за основен и напреден Adore Photoshop CS6, IIlustrator CS 6 i InDesign CS 6. Триесет и петте кандидати беа избрани по пат на тестирање од вкупно 109-те пријавени на повикот од Агенцијата за вработување.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, кој денеска им ги врачи дипломите на кандидатите, изрази надеж дека ќе се зголеми бројот на лица кои по завршувањето на вакви обуки се вработиле.

– Се надевам дека сите денешни дипломци ќе бидат што помалку на евиденцијата на невработени, а многу повеќе во евиденцијата на вработени. Се надевам дека во иднина тие ќе дојдат во Агенцијата за вработување за да побараат грант за самовработување или пак можеби ќе побараат посредување за некоја од компаниите кои најавија влез во Македонија.

Една од поголемите компании која најави влез е Ендава од Англија во која се надевам дека дел ќе најдат вработување, истакна Поповски.

Најави дека за годинава се планирани обуки за околу 100 невработени лица.

Досега, од вкупниот број учесници на обуките, над 60 проценти се вработиле и тоа најголемиот дел во сферата во која се обучувале. Реализирани се обуки за Циско, Јава, веб дизајн, сервер администратор….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП