27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolvo до 2020-та очекува продажба од милион возила годишно

Volvo до 2020-та очекува продажба од милион возила годишно

volvo prod1

Шведски „Volvo“ во наредните неколку години планира да достигне продажба од еден милион единици на годишно ниво, соопшти ко-сопственикот и претседател на компанијата Ли Шуфу во интервју за шведските медиуми.

„Volvo“, која од 2010-та година се наоѓа во сопственост на кинеската компанија „Geely“, сега се надеваат дека до 2020-та ќе имаат продажба од околу 800.000 возила што претставува двојно повеќе единици во однос на 2013-та.

За големиот скок во продажбата, „Volvo“ најмногу треба да се заблагодари на пробивот на огромниот кинески пазар, а Шуфу ги откри новите планови:

„На долгорочен план по 2020-та година, очекваме и се надеваме на продажба од преку еден милион примероци годишно“.

Според официјалните податоци „Volvo“ забележа профит од 296 милиони долари во минатата година, во однос на 66-те милиони во текот на 2012-та, а очигледно компанијата нема намера тука да застане.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП