28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова транша помош за Грција од 8,3 милијарди евра

Нова транша помош за Грција од 8,3 милијарди евра

grcijagrc4fw6e4f6ew4f

Грција ќе добие следна транша помош од 8,3 милијарди евра на три рати, изјави денес Јероен Дајселблум, претседавајќи со состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната.

Одлуката е донесена по довршувањето на анализата за реформите кои Грција ги спроведува во замена за меѓународна финансиска помош.

Продолжението на исплатата од помошта зависи од резултатите од контролата која ја вршат странските кредитори.

Дајселблум изјави дека Атина првата рата од новата транша ќе ја добие на крајот на април, за да може Грција да ги исплати државните обврзници кои доспеваат за наплата во мај.

Остатокот од сумата ќе биде исплатен во јуни и јули, пренесува агенцијата АП.

Овој износ не ги вклучува парите кои Грција ги добива од Меѓународниот монетарен фонд. Тие пари се уплаќаат оделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП