2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГаспром ја зголеми цената на гас за Украина

Гаспром ја зголеми цената на гас за Украина

gaz71267773

Руски „Гаспром“ денеска ја подигна цената на гас за Украина од 268,5 долари за 1.000 кубни метри на 385,5 долари, беше соопштено од оваа компанија.

Со ваквата одлука, Украина го загуби попустот на цената на гасот кој беше претходно договорен со Русија пред започнувањето на политичката криза во Киев во ноември минатата година, а која беше завршена со менувањето на украинскиот претстедател Виктор Јанукович и спојувањето на украинскиот полуостров Крим кон Русија.

Според зборовите на Извршниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер, украинскиот долг за руски гас во овој момент изнесува 1.7 милијарди долари. Нормално причината за зголемувањето на цената на гасот за Украина е токму поради овој долг, а пред извесен период од страна на „Гаспром“ властите во Украина беа предупредени дека ако не го подмират долгот ќе бидат укинати бенифициите кои оваа земја ги има при набавката на гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП