28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТДК Компјутери ги „освојува“ пазарите во Албанија и на Косово

ТДК Компјутери ги „освојува“ пазарите во Албанија и на Косово

TDK&Dell

Македонската компанија ТДК компјутери ќе го прошири својот бизнис во Албанија и Косово.

“Големо е задоволство што го прошируваме нашиот бизнис во регионот.  Со отварање на новите пазари, уште еднаш докажуваме дека сме сериозна фирма, која има поддршка од најголемите ИТ производители во светот. Имаме намера во иднина да ја одржиме водечката позиција и да ги нудиме најдобрите продукти на своите клиенти” – вели Јордан Димитровски, директор на ТДК Компјутери.

Оваа ИТ компанија, која најави експанзија во регионот, исто така го унапреди своето партнерство и стана прв официјален и единствен дистрибутер на Dell за Македонија, Албанија и Косово.

„ТДК Компјутери е наш долгогодишен партнер кој секогаш го докажува својот професионализам. Сигурни сме дека со изборот на ТДК за наш официјален дистрибутер за Македонија, Албанија и Косово, ќе го развиеме бизнисот и ќе им понудиме подобри сервиси и услуги на нашите партнери“ – вели Аурора Гамен, менаџер за дистрибуција во Dell.

Event_photo

На минатонеделниот бизнис настан во хотелот „Инекс Горица“, Охрид, покрај тимот од компанијата Dell, присуствуваа и голем број од постоечките и идни партнери на ТДК, од Македонија и регионот. Специјалистите од Dell и ТДК ги претставија последните новини од светот на ИТ технологиите, производите на Dell и нивната практична примена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП