6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит на Холандија под европскиот лимит

Буџетскиот дефицит на Холандија под европскиот лимит

holandijafu76rfhj

Минатогодишниот буџетски дефицит од 2,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на Холандија е под бараниот лимит на ЕУ од три проценти, соопшти заводот за статистика CBS.

Ова е голем пад на дефицитот, кој во голем дел е резултат на економското закрепнување. Холандскиот јавен дефицит во 2012 година изнесуваше 4,1 проценти.

Петата економија во еврозоната, Холандија, се обврза во Брисел дека ќе го намали јавниот дефицит на пропишаната граница од три проценти.

Јавниот долг на Холандија е зголемен на 73,5 проценти од БДП што е над пропишаната граница за членките на еврозоната од 60 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП