27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Турција продолжува да расте

Економијата на Турција продолжува да расте

turskaekonomijaf3r3faw

Турската економија минатата година порасна за четири проценти, покажаа официјалните податоци на владата во Анкара.

Аналитичарите, сепак, предупредуваат на забавување на економскиот раст поради политичката незивесност и заострувањето на условите за кредитирање.

Политичките немири и сериозните тензии на турскиот финансиски пазар од јуни ги загрижуваат инвеститорите, додека намалувањето на монетарните стимулации во САД го запре дотокот на поволни пари кои се сливаа во земјите во развој, што негативно влијаеше на турската економија, која забележа силен раст за 11 години од владеењето на премиерот Реџеп Таип Ердоган, пренесува агенцијата Франс прес.

И покрај проблемите, бруто домашниот производ (БДП) се зголеми на 4,4 проценти во последниот минатогодишен квартал, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.

Економистот на банката „UBS“ Рајнхард Клуз наведува дека тие податоци покажуваат дека политичките и економските шокови нанеле изненадувачки мала штета на турската економија. Клуз, сепак, предупредува  дека неодамнешните политички и економски шокови можат посериозно да го загрозат економскиот раст и да ја разнишааат довербата во приватниот сектор. „UBS“ во Турција за оваа година прогнозира раст од 2,3 проценти, а во 2015 3,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП