24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го даде под наем поранешниот атински аеродром

Грција го даде под наем поранешниот атински аеродром

airportt

Грција денеска соопшти дека го дала под наем поранешниот атински аеродром во рамки на договорот вреден 915 милиони евра.

Владината агенција за приватизација наведува дека ја прифатила понудата на грчкиот конзорциум „Ламда дивелопмент“ да преземе целосна контрола врз комплексот на поранешниот аеродром „Хелиникон“ во близина на Атина, а должината на траењето не е објавена.

„Хелиникон“ е претворен во спортски комплекс за Олимписките игри од 2004 и се смета за еден од најатрактивните имоти во владина сопственост.

Аеродромот се наоѓа осум километри јужно од грчката престолнина и се простира на речиси 620 хектари.

Целиот комплекс е три пати поголем од Монако и два пати од лондонскиот Хајд парк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП