2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦИА: Албанија меѓу најсиромашните во Европа

ЦИА: Албанија меѓу најсиромашните во Европа

Albania

Албанија е на 131 место меѓу 228 држави со БДП од 8.200 долари по човек, колку и Намибија и Того. Тој показател укажува дека таа држава е меѓу најсиромашните во Европа, наведува во годишниот извештај на Светска книга на фактите што ја објавува ЦИА.

Извештајот нотира дека иако економијата на Албанија продолжува да се развива, државата е меѓу најсиромашните во Европа заради несоодветната инфраструктура за транспортот и енегетиката.

Од државите во регионот, БДП на Хрватска е 17.800 долари (78 место), Црна Гора е на 107 место со БДП од 11.900 долари, Србија на 111 место со БДП од 11.000 долари и Македонија на 113 место со БДП од 10.800 долари. БиХ имаат според тој документ, БДП од 8.300 долари и се на 130 место.

Во извештајот се анализираат редица економски, социјални и политички показатели на држави во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП