21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија исполни повеќе од ветеното

Португалија исполни повеќе од ветеното

portugalija3498

Буџетскиот дефицит во Португалија во 2013 година е намален на 4,9 проценти од БДП, што е значително помалку од 5,5 проценти кои претходно беа договорени со меѓународните кредитори.

Дефицитот на Португалија во 2010 година порасна на 10,1 проценти, поради што таа земја беше принудена да побара меѓународна помош, пренесува АП.

Во замена за доделување на помош од 78 милијарди евра во 2011 година, кредиторите побараа од Лисабон да спроведе остри мерки за штедење, како што се намалувањето на потрошувачката и зголемувањето на даноците, со цел да се намали долгот.

Благодарение на тие мерки, Португалија трета година по ред бележи намалување на буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП