13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолемите амбиции на групацијата Фиат Крајслер

Големите амбиции на групацијата Фиат Крајслер

markione fiatt2

Извршниот директор на „Фиат“ и „Крајслер“, Серџо Маркионе вели дека овие два производители на автомобили ќе имаат капацитет да произведат шест милиони возила годишно.

Маркионе има во план да го комплетира спојувањето на „Фиат“ и „Крајслер“ до крајот на годината, по што ќе биде формирана групацијата „Фиат Крајслер Автомобили“, која ќе биде седмиот производител на возила во светот.

Двете компании минатата година произведоа 4.4 милиони автомобили, а оваа година планираат од 4.5 до 4.6 милиони возила, пред се благодарејќи на американскиот и азискиот пазар, истакнува Маркионе, додавајќи дека границата од шест милиони возила е потребна за да се зачува проифтабилноста на се презаситениот и конкурентен глобален пазар.

Групацијата „Фиат Крајслер“ ќе има правно седиште во Холандија и фискално во Британија, додека акциите на компанијата ќе се тргуваат на берзите во Њујорк и Милано.

Маркионе вели дека целта за 2014-та година е приход од 93 милијарди евра и нето профит од 600 до 800 милиони евра, а новиот повеќегодишен план за работење ќе биде претставен во Детроит во мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП