Швајцарија во минатата година забележа суфицит на тековната сметка во износ од 78 милијарди франци, додека во 2012 година тој изнесуваше 57 милијарди франци.
Ова зголемување повторно го одразува растот на приходите од капиталот, соопшти швајцарската централна банка.
Како што се наведува, растот на суфицитот во минатата година се должи на зголемувањето на приходите од директните швајцарски инвестиции во странство, кои уште од 2012 година се вратија на своето нормално ниво, по исклучително слабите резултати во 2011 година, пренесува швајцарскиот весник 24 часа.
Активното салдо на стоковата размена со странство се задржа на 24 милијарди франци, што е идентичен износ на оној од 2012 година.