6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на работниците во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата

rabotnici00

Бројот на работниците во индустријата во февруари 2014 година е зголемен за 6,8 отсто во однос на истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 0,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 8,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 отсто, Капитални производи за 75,4, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 1,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП