2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуба донесе Закон за поттикнување на странските инвестиции

Куба донесе Закон за поттикнување на странските инвестиции

cuba23

Парламентот на Куба усвои нов Закон за странските инвестиции, што треба да го покрене приливот на капитал и да ја направи оваа комунистичка карибска земја попривлечна за странските инвеститори.

Со Законот се намалува данокот за профит за цели 50 отсто, од досегашните 30 на 15 проценти, а станските инвестиори се ослободуваат од плаќањето данок во период од осум години. Овие промени во Хавана се означуваат како клучни за реформскиот пакет на претседателот Раул Кастро, затоа што тие треба да придонесат за модернизирање на кубанската економија.

Првпат закон за странски инвестиции во Куба е донесен во 1995 година, но во изминатите 19 години капиталот од странство влегуваше мошне бавно во сосема ограничен обем и тоа само во туристичкиот сектор.

Во последните неколку години дури е забалежан и пад на приливот на странски инвестиции, па економскиот раст во минатата година изнесуваше 2,7 отсто, што е многу помалку од планираните седум отсто.

Меѓународни економски експерти забележуваат дека кубанската економија и натаму е строго централизирана и мошне неефикасна, што може и да биде пречка за странското инвестирање. Но, низата мерки за „модернизација и отворање“ на Куба, донесени по повлекувањето на Фидел Кастро, овозможија околу 500.000 Кубанци да добија дозволи за покренување помали приватни бизниси.

Најновите законски измени не се очекува да го покренат интересот на големата кубанска имиграција во САД, а посебно во Флорида, за инвестирање во Куба, поради полувековното американско економско ембарго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП