27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната под сериозна закана од дефлација

Еврозоната под сериозна закана од дефлација

Belgium EU Nobel Peace Prize

Инфлацијата во еврозоната во март се намали трети месец по ред, на нов минимум од 0,5 проценти.

Тоа најверојатно ќе направи поголем притисок врз Европската централна банка (ЕЦБ) да ја олабави монетарната политика, соопшти европската служба за статистика Еуростат.

Според прелиминарната проценка која денес ја објави статистичката служба на ЕУ – Еуростат, стапката на инфлација во еврозоната во март била пониска од онаа во февруари која изнесуваше 0,7 проценти.

Еуростат соопшти дека базичната стапка на инфлација, која ги вклучува нестабилните цени на храната и енергијата, исто така е намалена од еден процент во февруари, на 0,8 проценти во март.

Целта на ЕЦБ е инфлацијата да ја задржи под два проценти, но податоците за намалувањето ја зголемуваат можноста за дефлација, со што ќе се загрози економскиот раст бидејќи потрошувачите и бизнисмените би го одложувале купувањето во очекување на уште пониски цени од месец во месец.

Еврозоната се состои од 18 земји на Европската унија кои како своја валута го користат еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП