6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанките USB и Credit Suisse манипулирале и креирале курс?

Банките USB и Credit Suisse манипулирале и креирале курс?

evrodolari parilrepgk43j

Швајцарските власти покренаа истрага против голем број на банки, меѓу кои се и домашните „USB“ и „Credit Suisse“, поради сомневање дека манипулирале со валутните пазари.

Под истрага се и банките „JPMorgan Chase“, „Barclays“, „Royal Bank of Scotland“, „Citigroup“ како и швајцарската банка „ZKB“ и приватната банкарска групација „Julius Baer“, се наведува во соопштението на швајцарската комисија за заштита на конкуренцијата (COMCO), пренесува агенцијата Франс прес.

„Постојат индикации дека банките имале договор околу валутните курсеви“, се наведува во соопштението на „COMCO“ и се додава дека манипулациите на овие банки влијаеле на курсот на најважните валути.

Споменатите банки се осомничени и за размена на доверливи информации, како и координирани акции при купување и продажба на валути, во обид да влијаат на девизниот курс.

Швајцарското регулаторно тело не ја исклучува можноста дека и други банки и брокерски куќи биле вклучени во сомнителни активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП