9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОдличен трик кој го практикуваат успешните - Пролетно чистење на главата

Одличен трик кој го практикуваат успешните – Пролетно чистење на главата

chistenjeglavata65v6e46gv4w

Пролетта не е само за средување на гардеробата и домот, многу психолози препорачуваат и пролетно чистење на главата.

Тери Кол е советник и таа е позната по трикот за „психолошко чистење во пролет“. Таа вели дека во ова време од годината можете да го окречите вашиот дом, да ја промените гардеробата, да купите нова пролетна, да ги исперете теписите, но морате и што е многу важно, да ја исчистите и главата. Како?

Прво (нека не ве мрзи) седнете и запишете ја листата на обврски, работи и случувања, се што ви зазема време и простор во главата. Се запишете, од разговорите кои мора да ги обавите, купување на свадбен подарок, букирање на лет, кафе со пријатели или работа на нов проект, обврски во семејството, посета на доктор, разговор со децата, па се до најмали ситници кои ви стојат на ум. Ќе видите дека ваквиот чекор ќе ги намали и смири вашите мисли. Вистина е дека ќе останете запрепастени што се се наоѓа на таа листа, но чувството сепак ќе биде добро.

Потоа, навратете се на листата и прецртајте го она што нема никаква врска со тоа што го САКАТЕ, тоа што ви е ПОТРЕБНО и со тоа што сакате да СТАНЕТЕ. Ќе се изненандите колу работи можете да елиминирате, а вие постојано за нив сте размислувале.

Тоа што останало на листата треба да добие свој датум за извршување. Напишете рок за купување на подароците, датум на кој ќе го започнете или завршите вашиот проект, кога ќе се слушнете со старите пријатели, одредете време буквално за се. Докажано е дека ваквиот начин на запишување ќе го растерети вашиот мозок од паметење, вие сами ќе заклучите дека овие информации ги поседувате на лист и нема постојано да се потсетувате на нив со цел да не ги заборавите. Си мислите дека вашите обврски сепак не се решени на овој начин? Бидете сигурни дека доволно е хартијата да ги чува, складира и памети, а не вашиот мозок. Така на прегледен и сигурен начин една по една ќе ги извршувате.

Пробајте го овој трик за чистење на мозокот и мислите. Неверојатно е колку поефикасно ќе работите доколку ги сместите обврските на листот хартија кој ќе ги памети наместо вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП