27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо 2013-та порасна профитот на Донгфенг

Во 2013-та порасна профитот на Донгфенг

dongfengmotorcompany

Кинескиот производител на возила „Донгфенг Моторс“ забележа профит поголем од очекуваниот, со раст од 16 проценти на годишно ниво, благодарејќи пред се на добрата продажба на возила во партнерството со јапонските производители.

Овој втор по големина кинески производител на автомобили во 2013-та година оствари нето профит од 10,54 милијарди јуани (1,24 милијарди евра), во споредба со 9,0 милијарди во 2012-та, беше соопштено од компанијата.

Како што се наведува во соопштението на компанијата, растот на профитот во најголем дел се должи на скокот од продажбата на двете компании во заедничка сопственост со јапонскиот производител на возила, која чини скоро половина од вкупната продажба на возила на „Донгфенг“ во 2013-та година.

Заедничките компании на „Донгфенг“ и јапонските групации „Хонда Моторс“ и „Нисан Моторс“ во минатата година забележа раст во продажбата од 113,9 проценти, односно 19,9 проценти, иако нивото на продажба во 2012-та година беше релативно ниска, поради дипломатскиот спор меѓу Кина и Јапонија околу островите во Источното кинеско море, кој во Кина предизвика анти-јапонско расположение.

„Донгфенг“ има заедничка компанија и со францускиот „Рено“, чие производство годишно достигнува околу 150.000 возила.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП