Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе ја посети фабриката „Џонсон Контролс“ во Технолошко-индустриската развојна зона Штип.
„Џонсон Контролс“ е првата фабрика што е отворена во ТИРЗ Штип и во неа се произведуваат навлаки и седишта за возила.
Фабриката е инвестиција од 20 милиони евра и се простира на површина од 12.000 метри кавдратни. Во неа работат 1.400 работници.
Фабриката во Штип е втор објект на „Џонсон Контролс“ во Македонија. Првиот е лоциран во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 во Бунарџик и се занимава со производство на електроника за возила.
„Џонсон Контролс“ е светски гигант за производство на опрема за автомобили. Присутна е во 150 држави и има вкупно 154.000 вработени.