29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДобро однесување на интервју за работа

Добро однесување на интервју за работа

intervju13

Пристојна облека

Значајно е секогаш да бидете пристојно облечени. Мажите пожелно е да носат вратоврска, а жените едноставен накит. Едноставноста е секогаш најдобра.

Ракувајте се

Срдечното поздравување ќе создаде опуштена атмосфера. Со тоа ќе покажете дека сте пристојни.

Говорeте течно и самоуверено

Покажете дека имате силен карактер, изразувајте се јасно, течно и самоуверено. Никогаш не говорeте срамежливо и несамоуверено.

Истакнете ги своите квалитети, но не претерувајте

Кога ќе ви го постават ова прашање, немојте да се трудите да го импресионирате соговорникот. Бидете искрени и скромни. Работодавачот ќе забележи дали лажете или претерувате. Не бидете сугестивни, одлуката е секогаш негова.

Обезбедeте препораки од луѓе од доверба

Личноста која ќе ви ја состави препораката мора добро да ве познава, и да знае да ви ги истакне вашите квалитети.

Без премногу гестикулации

Важно е да седите исправено, релаксирано и да гестикулирате умерено.

Секогаш заблагодарeте се за разговорот

Пристојно е да се заблагодарите, дури и ако интервјуто не поминало како што треба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП