2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален јавниот долг на Германија

Намален јавниот долг на Германија

germanijaen3uhr8hf

Јавниот долг на Германија за прв пат забележа пад во 2013 година, но сеуште изнесува повеќе од 2.000 милијарди евра, соопшти германскиот завод за статистика – Дестатис.

Јавниот долг заклучно со 31. декември 2013 година изнесувал 2.044 милијарди евра. Јавниот долг го опфаќа долгот на сојузните држави, регионалните држави и општините, наведува Дестатис.

Тоа е прв пад на долгот за 1,4 проценти за една година. Германската централна банка Бундесбанк наредната недела ќе ја пресмета точната бројка на долгот и тој податок ќе го поднесе во Брисел. Податоците на Бундесбанк обично се малку поразлични од податоците на Дестатис.

Меѓутоа, се очекува дека и Бундесбанк ќе ја соопшти истата тенденција за пад на јавниот долг.

Германија си постави цел да се намали јавниот долг на 69 проценти од БДП до 2017 година. Според европскиот Пакт за стабилност, земјите имаат рок до 2024 година нивниот јавен долг да го намалат на 60 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП