2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанската Влада ќе почне да плаќа заостанати долгови

Албанската Влада ќе почне да плаќа заостанати долгови

Albania

Албанската Влада во текот на наредните три месеци ќе ги исплати наследени долгови кон бизнис заедницата, во износ од околу 350 милиони долари и се надева дека тоа ќе има позитивен ефект врз растот на економијата, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Вкупниот долг на Владата кон бизнисот достигнува 720 милиони долари и тој датира уште од 2005 година. Тоа претставува 5,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Најголемиот дел
од долгот се однесува кон градежни компании, ангажирани во изградба на патишта, училишта и болници.

Од месец декември Владата почна градуално да го исплаќа долгот, изјави Шкелќим Цана, министер за финансии.

Според него почнувајќи од април секоја недела ќе се исплаќа износ од 35 милиони долари за неисплатени фактури, додека преостанатиот долг од 370 милиони долари ќе се подмирува наредните години.

Албанскиот прв финансиер, Цани, освен заемот на ММФ во износ од 330,9 милини евра очекува Албанија да добие и други кредити во текот на годинава.

Тој вели дека освен заемот од ММФ, во мај, земјата ќе добие 220 милиони долари од Светска банка а во тек се разговри и со ЕК за кредит во износ од 50 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП