27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКоја боја е вашиот бренд?

Која боја е вашиот бренд?

brend-lista

Логоата се клучен дел за брендот на компаниите и тие се обидуваат да поттикнат секаков вид на емоции, кои помагаат во создавање афинитети према тој бренд.

Големите компании го знаат ова, и вложуваат огромни суми на пари за да бидат сигурни дека нивните логоа ќе бидат препознатливи.

Логоата и не мора да бидат многу скапи, па така и некои од најпрепознатливите логоа се направени бесплатно. На пример, Гугл- со моментална вредност на брендот од околу 43,7 милијарди долари – нивното прво лого го дизајнираше основачот Сергеј Брин користејки бесплатен софтвер ,,GIMP”. Од друга страна ,,BBC” платија дури 1,8 милиони долари за дизајнот на новото лого.

Како бојата на логото влијае на нашите емоции? Како некои логоа еволуирале со годините и колку чинат некои од нив?

Боите служат да се предизвика специфичен, емотивен одговор од нас- црвена покажува активност, жолта покажува енергичност, плава покажува сигурност, зелена асоцира на природа итн.

Истражувачите од Универзитетот Рочестер во Њујорк дојдоа до заклучок дека црвената боја помага на студентите при одговарање на тестовите.

Карактеристики на секоја боја:

ЦРВЕНА- активност,емоции, страственост, доверба, љубов, интензитет, агресивност.

ПЛАВА- комфорт, доверба, конзервативност, разбирање, јасност, сигурност.

ЖОЛТА- задоволство, будење, енергичност, свежина.

ЗЕЛЕНА- смиреност, релаксираност, доверба, надеж.

ЉИЉАКОВА- гламур, сила, носталгија, романтика.

ПОРТОКАЛОВА- ентузијазам, креативност, одлучност, стимулира ментална активност.

ЦРНА- јачина, сериозност, луксуз.

РОЗЕВА- љубов, слатко, топлина, сексуалност, негување на вредноста.

КАФЕАВА- доверба, поддржка, сигурност.

 

Највредни брендови во светот:

1.Apple – 104,3 милијарди долари

2.Microsoft – 56,7 милијарди долари

3.Coca-Cola – 54,9 милијарди долари

4.IBM – 50,7 милијарди долари

5.Google – 47,3 милијарди долари

6.McDonald’s – 39,4 милијарди долари

7.General Electric – 34,2 милијарди долари

8.Intel – 30,9 милијарди долари

9.Samsung – 29,5 милијарди долари

10.Ives Lorain – 28,4 милијарди долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП