28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно ниска инфлацијата во Германија

Рекордно ниска инфлацијата во Германија

inflacijacenigermanija5e4f4f4ew4

Инфлацијата во Германија во март изнесуваше помалку од еден процент, со што таа падна на најниското ниво во последните три години, соопшти Заводот за статистика Дестатис.

Трошоците за живот се зголемени овој месец за еден процент на годишно ниво, по растот од 1,2 проценти во февруари, пренесува агенцијата АП.

Последен пат инфлацијата во најголемата економија на ЕУ на најниско ниво беше во јуни 2010 година.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), кој е мерило за инфлацијата на Европската централна банка (ЕЦБ), инфлацијата во Германија во март изнесувала 0,9 проценти. Во февруари таа беше еден процент.

ЕЦБ смета дека цените се стабилни ако хармонизираниот индекс на цени изнесува нешто под два проценти. Конечните податоци кои ќе се пресметаат врз основа на податоците за инфлацијата на потрошувачките цени ќе бидат објавени на 11 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП