2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Пад на цените после 4 години

Шпанија: Пад на цените после 4 години

madridshpaincapital5610s65

Потрошувачките цени во Шпанија паднаа во март, прв пат во последните 4 години, во време на стравување дека дефлацијата ќе ја зафати еврозоната, покажаа податоците во Мадрид.

Цените минатиот месец паднале за 0,2 проценти на годишно ниво, по растот од 0,1 процент од јануари, наведува шпанскиот Завод за статистика, а пренесува агенцијата Франс прес.

Тоа е првиот годишен пад на потрошувачките цени од октомври 2009 година и загрижувачки знак за четвртата по големина економија во еврозоната, која полека заздравува од петгодишната рецесија. Долготрајниот пад на цените може да ги поттикне купувачите и компаниите да го одложат купувањето во очекување дека цените додатно ќе паднат, а тоа негативно влијае на економијата.

Европската централна банка очекува инфлација од еден процент во еврозоната оваа година, како и 1,3 проценти во 2015 година и 1,5 проценти во 2016 година. Долготрајната цел на банката е растот на инфлацијата да биде близу, но под два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП