27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако BlackBerry ќе го преживее ова?

Како BlackBerry ќе го преживее ова?

blackberry head

Производителот на смартфони „BlackBerry“ објави дека во минатата година оствариле загуба од дури 5.9 милијарди долари.

Канадскиот производител на телефони во последниот квартал од 2013-та година забележа загуба од 423 милиони долари, додека во третиот квартал загубата беше дури 4.4 милијарди долари.

Компанијата во 2012-та година забележа добивка од 98 милиони долари.

Од „BlackBerry“ соопштија дека се задоволни од работењето во последниот квартал од 2013-та година и дека тоа е знак за враќање на патеките на раст и профитабилност.

Канадската компанијата минатата година го претстави новиот оперативен систем „BlackBerry 10“, со надеж дека ќе вратат дел од уделот на пазарот, кој го загуби од ривалите, како што се „Apple“ и другите кои го користат системот на „Google“ – „Android“.

„BlackBerry“ во декември најави партнерство со тајванската компанија „Foxconn“, ја подобри организациската структура, укина 4.500 работни места или 40 проценти од вкупната работна снага, а сето тоа како дел од планот за реорганизација на работењето.

Компанијата „BlackBerry“ во еден момент од минатата година беше понудена и на продажба, но подоцна се откажаа од таа идеа и наместо тоа акционерите „вбризгаа“ финансиска инекција од милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП