10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го заштедите драгоценото утринско време?

Како да го заштедите драгоценото утринско време?

utrinskovremefk3jf3hht845

Предизвик е да се излезе наутро од дома сит, облечен и на време. Според податоците на истражувањето на порталите „today.com“ и „aol.com“, на жените во просек им требаат 55 минути да се подготват за на работа, односно четири и пол часови неделно, додека пак, утринската рутина на мажите трае речиси двојно пократко.

Имајќи ја во предвид оваа константна борба со времето која многу жени, но и мажи ја водат, порталот „Business Insider“ неодамна објави неколку совети за заштеда на утринското време.

Наjефикасното заштедување на времето ќе го постигнете ако поголемиот дел од работата ја завршувате претходната вечер, кога можете да:

Направите листа на работи кои треба да ги направите следниот ден

Откако обврските за следниот ден ќе ги ставите на лист, ќе почуствувате растеретување знаејќи дека на нив повеќе не треба да се потсетувате.

Спакувајте ја чантата за утре, а клучевите ставете ги на познато место

Така ќе избегнете наутро да „копате“ по чантата на излезот од куќата прашувајќи се дали се сте земале и каде сте ги оставиле клучевите.

Подгответе ужина за себе и за децата

Овој совет не само што ви го штеди времето туку и вашите пари. Многу е поевтино да се храните од дома отколку во пекари и ресторани за брза храна.

Одберете што ќе облечете утре

На овој начин ќе заштедите многу време, кое инаку наутро го поминувате пред плакарот прашувајќи се што да облечете тој ден, но и времето потребно за пеглање на избраната облека.

Наутро потрудете се да не го палите телевизорот или компјутерот, кои го одвлекуваат вашето внимание и ви го крадат времето, а за доручек одберете овошен јогурт со мусли или овошја кои можете да ги јадете и на патот до работа. Гарантирано ќе пристигнете на време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП