2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПресметка на Walmart со Visa

Пресметка на Walmart со Visa

walmartpresh5uy5uhb

Светскиот ланец за малопродажба „Walmart“ ја тужи компанијата за кредитни картички „Visa“ барајќи пет милијарди долари оштета.

Компанија ја обвини „Visa“ за завера со големите банки во кои ја местела цената на трансакцијата која ја наплатувала од „Walmart“. Како што се наведува, таксите и провизијата при трансакциите преку картичките биле толку високи, што им нанеле штета на купувачите и на трговците од 350 милијарди долари.

Овој чекор доаѓа откако „Walmart“  ја одби спогодбата во висина од 5,7 милијарди долари со „Visa“ и „MasterCard“ во декември минатата година.

„Walmart“, но и други американски малопродажни ланци, приговарале против условите на таа спогодба, а раководството на водечкиот светски трговски ланец наведува дека во периодот од 2004 до 2012 година, поради местење на тарифите, претрпеле огромна финансиска штета.

„Walmart“ веројатно со друга тужба ќе започне да го гони и „MasterCard“ по иста основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП