12 февруари, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПилотите на Lufthansa најавија штрајк

Пилотите на Lufthansa најавија штрајк

lufthansa pilotii

Пилотите на најголемата германска авиокомпанија „Lufthansа“ најавија штрајк за следната недела, од среда до петок, соопшти денеска синдикатот „Cockpit“ во кој членуваат околу 9.000 пилоти од повеќе авиопревозници.

Штрајкот е планиран уште од минатата недела, а во меѓувреме поголемиот број на пилоти ја поддржаа акција за барањето за зголемување на платите и подобрувњето на условите за работа пред крајот на кариерата. Штрајкот ќе започне во среда во 22 часот по средноевропско време и ќе трае до петок до 23.59 часот.

Синдикатот очекува „силен“ одговор од пилотите кои само од „Lufthansа“ се околу 5.000.

„Жалиме поради непријатностите кои ќе ги претрпат корисниците на „Lufthansа“, но раководството на компанијата има уште начини да го стопира штрајкот“, процени синдикатот.

Ова ќе биде втор удар на авиопревозникот во многу кратко време, откако „Lufthansa“ мораше во четвртокот да откаже повеќе од 600 летови поради штрајкот на вработените на повеќе германски аеродроми, а кој го организираше синдикатот „Verdi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП