5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДимовски: Надминат е проблемот со вишокот свинско месо

Димовски: Надминат е проблемот со вишокот свинско месо

svinskomesodimovskijf083ur

– Проблемот со вишокот свинско месо е надминат. Сега ги утврдуваме политиките што треба да се спроведат во следниот период, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

По посетата на кланицата „Агриа“ во Велес, Димовски напомена дека ниту една мерка или политика на Министерството не е случајна и се носи врз основа на претходни сериозни анализи во кои се вклучени сите од секторот. Воедно најави засилени контроли на увозот на замрзнато свинско месо. Посебно, како што рече, ќе се врши контрола на квалитетот и нема да се дозволи замрзнато свинско месо да се пласира како свежо.

– Целта на Министерството е зголемување на производство на свинско месо. Од 170.000 свињи, бројката достигна 300.000 што е голем напредок. Се зголемува и бројот на мали фарми со 50 до 100 грла. Работата на одгледувачите треба да биде координирана за да можеме да го заштитиме и унапредиме секоторт свињарство, рече Димовски.

Воедно потсети дека Владата лани донесе одлука за распроделба на државно земјоделско земјиште на одгледувачите на свињи со цел сами да произведуваат сточна храна.

Според Димовски, „Агриа“ е еден од најголемите производители на свинско месо во земјава и меѓу најкооперативните партнери кои овозможија решавање на проблемот со вишокот 180 до 200 тони живо свинско месо.

Кланицата, соопшти сопственикот Перо Колевски, допрва ги разработува механизмите за проширување на производството. Наскоро ќе отвор уште еден, нов погон. Целта е да снабдува значителна количина од потребите на македонскиот пазар.

– Очекуваме поддршка од Владата во наредните неколку години. Ако не 100 проценти, барем 70-80 отсто од македонскиот пазар да биде снабден со свинско од домашно производство, изјави Колевски.

Тој тврди дека моментно, производството на свинско месо во земјава е едно од најквалитетните што се должи на вложувањата во генетиката и исхраната.

Во Македонија се произведуваат околу 11.000 тони свежо свинско месо, а се увезуваат околу 11-12 илјади тони замрзнато. „Агриа“, пак, произведува 3,5 милиони килограми свежо месо.

– Потребите се 23.000 тони. Затоа ќе се стремиме да го зголемиме производството на уште  11.000 тони свинско месо, потенцира Колевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП