25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкспанзија на мали бизниси - проект на УСАИД во североисточниот регион

Експанзија на мали бизниси – проект на УСАИД во североисточниот регион

usaid5e4f6e4w646ew4f

Во североисточниот плански регион ќе се реализира проектот на УСАИД “Експанзија на малите бизниси”. Целта е осознавање на потенцијалите и можностите за заеднички пристап и заемни активности на населението од локалните заедници кои имаат или би имале заемен интерес во учесто на развојни проекти.

– За една година треба да се формираат две локални акциони групи во два микро региони во североисточниот плански регион. Првиот се однесува на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, додека вториот е Кратово, Ранковце и Крива Паланка, вели раководителот на Центарот за развој на североисточниот плански регион Младен Протиќ.

Групите мора да бидат регистрирани во Централниот регистар, по што со нивната регистрација би имале пристап кон ЕУ Фондовите и Националните Програми на Република Македонија.

– Во локалните акциони групи треба да бидат вклучени општините, невладините организации, бизнис заедницата кој треба да доминира со над 50 отсто во акционата група, додаде Протиќ.

Проектот покрај помош при идентификување на локалните акциони групи ќе овозможи и градење капацитети на акционите групи преку обуки, помош при идентификување на приоритетите и изработка на мини проекти. Проектот ќе трае една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП