3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно раст на индустриското производство во Хрватска

Повторно раст на индустриското производство во Хрватска

hrvatskaeujd3289fgh34

Индустриското производство во Хрватска во февруари порасна за 1,6 проценти на годишно ниво, што е повеќе од очекувањата.

Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство, според календарски прилагодените податоци, во февруари е намалено за 2,8 проценти во однос на претходниот месец, додека во однос на февруари минатата година тоа е зголемено за 1,6 проценти.

Тоа е побавен раст отколку во јануари, кога индустријата на годишно ниво се зголеми за 2,2 проценти, што е повеќе отколку што првично се очекуваше.

Во февруари на годишно ниво најмногу пораснало производството на трајни производи за широка потрошувачка – 5,8 проценти, а со раст од 2,6 проценти следи секторот за нетрајни производи за широка потрошувачка.

Во првите два месеци од оваа година индустриското производство вкупно се зголемило за 1,9 проценти во однос на истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП