24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПодлабок глас – поголем авторитет

Подлабок глас – поголем авторитет

margarettacher6v5eve4v

Дали некогаш сте се запрашале зашто сите гласови кои се на филмските трејлери се секогаш машки и длабоки, без разлика дали се најавува комедија или историски спектакл? Очигледно дека овие професионалци знаат дека само длабокиот машки вокал звучи авторитативно. Дури и Маргарет Тачер земала часови за говор со цел нејзиниот глас да звучи подлабок.

Ако сакате да ве доживуваат како авторитет, вашиот глас мора да биде длабок. Тоа го докажуваат и истражувањата кои ги спроведоа професорите од Стенфорд Универзитетот. Докажано е дека лицата со подлабок глас се доживуваат како попаметни, како лица од поголема доверба, и како лица со наголем авторитет. Психологот Су Ловергроув ги истражуваше мислењата на општата популација, која одговорила дека во машкиот баритон глас има повеќе доверба, а дека пискавите гласови им звучат емотивно и на нив не им веруваат толку.

И мажите и жените повеќе им веруваат на машките гласови. Веројатно тоа е причината поради која и неодамна починатата Маргарет Тачер морала да научи својот глас да го прилагоди и приближи до машките фрекфенции.

Доколку сакате да звучите авторитативно, за почеток, кога зборувате, зборувајте од долниот дел на стомакот. Пред да изговорите нешто вдишете прво со долниот дел од стомакот, со рацете можете да почувствувате дека се шири, а потоа дијафрагмата и на крај градите. Гласот секогаш ќе ви звучи подлабок доколку стоите. Ако разговарате преку телефон, за да звучите добро и длабоко, потребно е да стоите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП