2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГорчлив старт за Candy Crush Saga

Горчлив старт за Candy Crush Saga

king candy

Иако најавувана како нов хит на берзата, вредноста на акциите на компанијата „King“, која стои зад играта „Candy Crush Saga“, доживеа дебакл.

Имено, вредноста на акциите на „King Digital“ по дебито на „New York Stock Exchange“ (NYSE) паднаа за 15 проценти, од 22,50 долари на 19,08 долари по акција.

Иако првично аналитичарите истакнуваа дека во овој случај профитот на компанијата не се доведува во прашање, сега се согласни дека овој неочекуван пад е „горчлива бонбона“ за „Candy Crush Saga“.

Компанијата така стана најголем губитник во првиот ден од тргувањето на акциите во САД, уште од компанијата „Dealogic“ пред 20 години.

„King“ пред излегувањето на берзата ги објави податоците, кои на потенцијалните вложувачи им најави излегување на берзата „тешко“ 7.6 милијарди долари, односно акции со вредност помеѓу 21 и 24 долари.

Meѓутоа, загриженоста на вложувачите дека компанијата премногу се надева на успехот на една единствена игра, се покажа оправдано.

Водечките три игри на „King“ – „Candy Crush Saga“, „Pet Rescue Saga“ и „Farm Heroes Saga“ – прават дури 95% од приходите на компанијата во четвртиот квартал од 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП